Утрински Весник
Македонија

Заев за повлекувањето на Шекеринска: Таа е моја другарка безразлика каде ќе биде во иднина

Заев за повлекувањето на Шекеринска: Таа е моја другарка безразлика каде ќе биде во иднина

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска, по најавата дека таа нема да се кандидира за трет мандат на позцијата заменик-претседател на партијата.

„Јас ја почитувам. Таа е една од најзаслужните за нашето членство во НАТО, за кандидатскиот статус со ЕУ, за добиената одлука за почеток на преговори со ЕУ, но и за многу процеси во државата важни за граѓаните. Знам дека ќе продолжиме понатаму да соработуваме, таа е мој другар или другарка без разлика каде ќе се најде во иднина во СДСМ или во општеството“, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Во однос на информациите дека Шекеринска се дистанцирала од него, Заев вели дека за него таа е и останува близок соработник.

„Мислењето на Радмила за Зоран Заев може да го каже Радмила и немам сомневање какво мислење со мене ќе сподели заради тоа што работиме секој ден за мал милион предизвици. Дефинитивно имаме уште многу што заедно да работиме во животот“, вели Заев.

Тој отфрли секаква поврзаност на случајот со Рашковски со Шекеринска, нагласувајќи дека една од главните заложба на Владата е законот да важи еднакво за сите.

Можете да прочитате

Потресно сведоштво на пејачката Јулија за починатата млада Адријана: Ќерка ми гледаше Господ во Нино, а тоа беше тивко убиство со несоодветна терапија

Метео најава: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

СДСМ: Ќе го разреши ли Мицкоски вицепремиерот Фетаи поради непочитување на македонскиот јазик?