Утрински Весник
Македонија

Заев донира дел од парите од Хесенската мировна награда за справување со Ковид-19

Заев донира дел од парите од Хесенската мировна награда за справување со Ковид-19

Премиерот, Зоран Заев, донира дел од парите од Хесенската мировна награда за справување со Ковид-19, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

„Во свое лично име, во име на Министерството за здравство и сите оние кои се на првата линија во борбата со Ковид-19, упатувам благодарност до премиерот Зоран Заев за неговото лично учество во оваа заедничка акција. Премиерот, својот дел од Хесенската мировна награда која ја добија со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во висина од 12.500 евра, ја донираше во солидарниот фонд за справување со Ковид-19“, напиша Филипче на „Фејсбук.

Тој додава дека огромен број заедници, компании, но и индивидуалци се приклучиле преку оваа иницијатива во заедничкото справување со планетарната криза.

„Солидарноста е клучна во периодот кој следува и нашето општество мора да функционира како едно“, напиша Филипче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скандал на македонско-албанската граница: Со дипломатски пасоши чекале еден час, па биле вратени

НАТО воведе нов стандард 5% од БДП за одбрана и безбедност вели Шеќеринска

Шекеринска: Македонија мора да го искористи кредибилитетот во НАТО за деблокада на патот кон ЕУ