Утрински Весник
Економија

Заев ги повика стопанствениците да инвестираат во индустриската зона „Новине“

Заев ги повика стопанствениците да инвестираат во индустриската зона „Новине“

Премиерот Зоран Заев денеска оствари работна посета на Општина Куманово и изврши увид во градежните работи активности на изградба на пристапен пат до индустриската зона „Новине“ село Речица во Куманово.

Тој кажа дека Владата доделила 24 милиони денари на Општината Куманово за инфраструктурно уредување на овој стопански комплекс.

„Индустриска зона „Новине“ која зафаќа површина од 65 хектари се наоѓа на исклучително атрактивна локација, до автопатот E-75 „Пријателство“, на пет километри до границата со Србија. Таа има 51 градежна парцела со различна големина, урбанистички е уредена за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици, сместувачки капацитети, сервиси и стоваришта“, објасни премиерот Заев.

Премиерот изрази верување дека оваа индустриска зона ќе биде предмет на интерес на голем број домашни и странски инвеститори, бидејќи овозможува брза и лесна комуникација со партнерите и пазарот од регионот со потенцијал од 20 милиони потрошувачи.

„Ја користам оваа прилика да ги повикам стопанствениците да инвестираат на оваа локација, бидејќи имаат можност да добијат простор скроен по нивна мерка и нивни потреби според највисоки стандарди за развој на нивните бизнис проекти. Со инвестициите во стопанството ние инвестираме во иднината на нашата држава“, кажа Заев.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, кажа дека се работи интензивно во новата индустриска зона „Новине“ која е во владеење на Општината а самата изградба е помогната од средства на Владата искористени за изградба на примарната инфраструктира во зоната.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

НБ и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во Македонија

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Ангеловска-Бежоска: Родовата еднаквост не само квантитативно, туку и квалитативно ќе го поттикне економскиот раст