Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Заев во постојана координација со пратеничката група, Џафери најавува 24/7 работа до распуштањето

Собранието расправа за законот за јавно обвинителство
300x250 opst2

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на СДСМ Зоран Заев и координаторот на пратеничката група на владејачката партија Јован Митрески се во постојана координација, а тие имале координација и попладнево, потврдија од СДСМ за МИА.

Претходно високи партиски извори од СДСМ за МИА истакнаа дека Заев не се наоѓа во Собранието, ниту дека се планирани средби со собранискиот спикер Талат Џафери и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Како што наведуваат од СДСМ, додека не помине Законот за ЈО нема да се одржи седницата на која на дневен ред е предлогот за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, која првично беше закажана за денеска во 15 часот.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, пак, најави дека законодавниот дом ќе продолжи со работа без прекин, додека не биде распуштен, а последниот рок за тоа е 16 февруари, согласно договорениот датум на лидерската кај претседателот Стево Пендаровски, предвремените избори да се одржат на 12 април.

Во Собранието од попладнево се одржува 135 седница на која на дневен ред е законот за јавно обвинителство и измени и дополнувања на законот за Совет за јавни обвинители.ац/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Најмногу дожд во Пожаране и Ѓуриште, најстудено на Попова Шапка

Камион излетал од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Михаилов: Комбе фатено со бесправни дрва, судот го враќа и повторно одземено во нова акција