Утрински Весник
Македонија

Заев во Карпош: Со СДСМ сите се на сигурно

Заев во Карпош: Со СДСМ сите се на сигурно

Темели на идеологијата на СДСМ се слободата и заедништвото и затоа велиме дека со СДСМ сите се на сигурно – и граѓаните и државата и општините, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев на вечерашната трибина во Карпош.

Заедништвото за ВМРО-ДПМНЕ додаде Заев знаеме дека е интерес што ќе го отфрлат на првата кривина на патот, а слободата воопшто не е во нивниот склоп на размислување – и затоа велиме дека со нив сите се во опасност – и граѓаните и државата и општините.

„Нивните заложби за „нова иднина“ не се ништо друго освен пуста желба за власт, за враќање на старото режимско минато во кое тие ќе крадат, а други ќе одговараат. Не се одамна тие случувања од режимот на Груевски од којшто беа дел и Христијан Мицкоски и Александар Николовски: за слободна мисла, затвораа новинари и затвораа медиуми, тепаа студенти, отпуштаа од работа; рекетираа фирми, а на оние коишто не го дозволуваа тоа – им ставаа катанци на вратите; сценираа меѓуетнички конфликти, го подриваа соживотот и ја држеа државата во изолација, за да можат непречено да крадат милиони народни пари за себе. Лажеа те за некаква федреализација и кантонизација, те за некакви предавства со Преспанскиот договор или со Договорот за добрососедство со Бугарија. И денес се главни креатори на лажни вести, со што го поткопуваат напредокот на Република Северна Македонија. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ е поставено како внатрешен непријател на Република Севрена Македонија и на народот. И додека оваа партија не се реформира – никогаш нема да дозволиме да се врати на власт! А ние почитувани граѓани, продолжуваме заедно со вас Напред, со Најдоброто.“ порача Заев.

Можете да прочитате

Шерифовиќ објави албум со детски песни една му посвети на нејзиниот син

Македонците не веруваат во домашните медиуми

Уапсениот директор оди 30 дена во притвор