Утрински Весник
Македонија

Заев води владина делегација во Тирана каде утре ќе се сретне со Меркел

Заев води владина делегација во Тирана каде утре ќе се сретне со Меркел

Премиерот Зоран Заев, на покана на германската канцеларка Ангела Меркел, утре ќе предводи владина делегација во еднодневна работна посета на Тирана.

Таму делегацијата ќе учествува на работната средба на канцеларка Меркел со лидерите на земјите од Западен Балкан, информираат од владината прес-служба.

Согласно агендата, во текот на попладнето, Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе имаат билатерална средба со канцеларката Меркел.

Во рамките на оваа еднодневна работна посета, премиерот Заев ќе го посети и Македонскиот културен центар во Тирана.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки

Левица: Пендаровски потврди дека ДПМНЕ гарантирало кворум за спорните измени на Кривичниот законик

Украински дронови го нападнаа Санкт Петербург