Утрински Весник
Македонија

Задолжително носење маски и мерење телесна температура во Општина Гевгелија

Задолжително носење маски и мерење телесна температура во Општина Гевгелија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гевгелија,10 јуни 2020 (МИА) – Сите вработени во општинската администрација и странки, кои поради разни потреби влегуваат во зградата, покрај носење заштитни маски од денеска им се мери и телесна температура согласно протоколот за општи превентивни мерки донесен од градоначалникот Сашо Поцков за операционализација на владиниот протокол.

Според протоколот, задолжително и без исклучок, сите вработени, гости и странки при влез и за време на престој во службените простории на општина Гевгелија се должни да имаат лична заштита (маски и ракавици) и ќе им биде мерена телесна температура при влез во административната зграда.

– На овој начин сакаме во пракса да ги испочитуваме препорачаните мерки за заштита од ширење на корона вирусот и да манифестираме грижа за здравјето на вработените и јавното здравје, првенствено на странките кои секојдневно доаѓаат поради свои потреби, рече Поцков и нагласи дека едноставно мора да се навикнеме да работиме во услови што ни ги наметна пандемијата, да одбегнуваме директни контакти и доследно да ги применуваме пропишаните мерки.

Дел од овие заштитни мерки со апел им  беа препорачани на сите граѓани на општина Гевгелија на последната седница на Општинкиот кризен штаб со кој раководи градоначалникот Поцков. им/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ обвинува за координиран напад од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Додека УЈП собира арач – нема пари за плати има само за тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да одговори на чие име е станот во Дубаи