Во италијанскиот град Мета кај Соренто, на сила е нова мерка, со која се предвидува задолжителна употреба на заштитна маска дури и на плажа, освен во вода или кога посетителите на плажата се под чадор, а таа мерка ќе биде во сила до крајот на август.
Доколку закупците на плажата не ги применат новите правила, ќе бидат казнети со парична казна од 2.500 евра, а нивниот објект ќе биде привремено затворен.
Пристап до плажите нема да биде дозволен од 20 часот до 6 часот наутро, јавуваат локалните медиуми.
Говорејќи за новите правила, градоначалникот на Мета на југот на Италија, Џузепе Тито, истакна дека подобро е тоа да се направи сега и да се избегне блокада на економијата во септември.