Утрински Весник
Свет

Задолжителна вакцинација за околу 40 отсто од вработените во Нов Зеланд

Задолжителна вакцинација за околу 40 отсто од вработените во Нов Зеланд
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Владата на Нов Зеланд најави дека ќе ја прошири обврската за вакцина против Ковид-19 на илјадници вработени кои се во близок контакт со своите клиенти, вклучително и вработени во ресторани, барови, спортски сали и фризерски салони.

Промените значат дека околу 40 отсто од сите работници во Нов Зеланд ќе мора да бидат целосно вакцинирани против коронавирусот или ризикуваат да ги загубат своите работни места, во споредба со околу 15 отсто порано.

Во изјавата за новинарите, премиерката Џасинда Ардерн рече дека не смета дека новите правила ги надминуваат овластувањата на владата.

„Ова барање значи дека персоналот и клиентите се третираат подеднакво и тоа ќе игра голема улога во запирање на ширењето на вирусот во местата со најголем ризик, намалувајќи го потенцијалот од тоа Ковид-19 да влезе воопшто на работното место“, рече Ардерн.

Наставниците и здравствените работници се меѓу работниците на кои претходно им било наредено да ја примат вакцината.

Соопштението на владата дојде само неколку дена откако Нов Зеланд постави цел, целосно да вакцинира 90 отсто од луѓето постари од 12 години, со цел да се прекине циклусот на строги карантински мерки.

Окленд, најголемиот град во земјата, е во изолација повеќе од два месеци по избувнувањето на делта-сојот на коронавирус.

Можете да прочитате

Рим размислува за влезница од две евра за Фонтаната Треви

Мелони: Најголемиот непријател на ЕУ е сопствената неодлучност

СЗО: Новиот сој на грип го оптоварува здравството во Европа