Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Завршува рокот за аплицирање за земјоделски субвенции

Завршува рокот за аплицирање за земјоделски субвенции
Img 7972

На полноќ завршува рокот за поднесување барања за субвенции за растително производство (поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади), за сточарско производство (одгледувачи на говеда, овци, кози, пчели свињи), како и за заклани животни во кланица од годинашната Програма за директна поддршка.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, соопшти дека до вчера претпладне вкупно 60.350 земјоделци поднеле барања за субвенции.

МЗШВ апелира земјоделците да го запазат рокот за поднесување барања за да се продолжи постапката за обработка на решенијата за исплата на субвенциите.

Според информациите од подрачните единици, се очекува до крајот на рокот вечерва, бројот на апликанти да се зголеми.

Сите земјоделци кои сакаат да ги поднесат своите барања можат да го сторат тоа самостојно, по електорнски пат преку регистрирање во системот на веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk.

Оние земјоделци кои не можат електронски да поднесат барања или имаат потреба од помош, можат да се обратат во подрачните единици на Министерството. Доколку им е потребна дополнителна помош, може да се јават и телефонски, на контакт-броевите истакнати на веб страницата на МЗШВ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дождот добредојден за есенската сеидба

Кашиковски: Префрлени се средства за исплата на августовската плата за вработените на „Флораком“ и „Луна“

Славески: Од утре плаќањата во евра стануваат поевтини и побрзи