Утрински Весник
Македонија

Завршна вежба на кандидатите за прием во Специјалните единици на МВР

Завршна вежба на кандидатите за прием во Специјалните единици на МВР

Во кампот за обука на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи во Лазарополе, денеска се одржа заедничката завршна вежба на полициските службеници, кандидати за прием во Специјалната антитерористичка единица – Тигар и во Единицата за брзо распоредување при Бирото за јавна безбедност на МВР.

Станува збор за полициски службеници, коишто успешно ја завршија претходната селективна обука и се пријавија за работа токму во овие организациони единици на МВР.

За време на вежбата пред присутните високи гости, кандидатите ги демонстрираа нивото на подготвеност, вештините и тактиките кои ги совладале за време обуката, кои ќе може да ги применуваат во секојдневните работни активности во двете елитни единици на Министерството за внатрешни работи. На настанот присуствуваа и претседателот на Владата, Зоран Заев, заменикот претседател на Владата за борба против корупцијата, Љупчо Николовски и министрите Венко Филипче и Благој Бочварски.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на претседателот на Владата, Зоран Заев му додели плакета за соработка и партнерство, а благодарници за партнерство и успешна реализација на целите од заеднички интерес во модернизирање на капацитетите на МВР им додели и на градоначалникот на Општина Маврово Ростуше, Медат Куртовски , директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани и директорот на Националниот парк Маврово, Самир Ајдини.

Можете да прочитате

Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на неколку патни правци

Облачно, студено и ветровито со повремени локални врнежи од дожд и снег