Утрински Весник
Македонија

Заврши реконструкцијата на тротоарите во централното подрачје на Кочани

Заврши реконструкцијата на тротоарите во централното подрачје на Кочани

Кочани, 23 јуни 2020 (МИА) – Локалната самоуправа на Кочани го заврши проектот за реконструкција и уредување на тротоарите во централното градско подрачје, за што од општинскиот буџет инвестираше 3,6 милиони денари.

Изминатиов период се работеше на уредувањето на тротоарите на дел од улиците „Маршал Тито“ и „Страшо Ербапче“, при што старите и оштетени слоеви на најпрометните зони во градот, во близина на Поштата и кај Болницата, се заменија со бехатон плочки.

– Реконструкцијата опфати и менување на уличните рабници со нови, а при градбата е земена предвид и пристапноста за детски и инвалидски колички, за што е применет слободен приод. Поради ниската сообраќајна култура, при градењето на тротоарите се поставуваат повисоки рабници за да се намали можноста за злоупотреба на овие површини од непрописното паркирање на автомобилите и да се спречи узурпацијата на просторот наменет за движење на пешаците, истакнаа од Одделението за уредување на градежно земјиште во Општина Кочани.

Според најавите од Општина Кочани, се планира во наредниот период да се уреди тротоарска површина во близина на новата детска градинка, со намера околината на капиталниот објект што е во градба да добие урбана димензија.

Годинава, изградбата на тротоарите ја изведува градежната фирма „Патиомонт“ од Кавадарци, а според договорот е планирано уредување на тротоарска површина од 3,5 илјади квадратни метри. та/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај – Меѓународниот ден музеите

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада, обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање