Утрински Весник
Македонија

Заврши проектот за реконструкција на систем за затоплување на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово

Заврши проектот за реконструкција на систем за затоплување на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово

Куманово, 12 јуни 2020 (МИА) – Надлежните од Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“, денеска информираа дека заврши подготовката и ревизијата на проектот за реконструкција на системот за греење, надворешен гасоводен цевковод и нова гасна топловодна котларница во установата.

Од установата се надеваат дека ова е почеток на решавање на долгогодишниот проблем го затоплување на објектот.

– После 20 години подготвен е проект и проектна документација за основен проект за реконструкција на системот за греење, надворешен гасоводен цевковод и нова гасна топловодна котларница. Тендерот беше објавен кон крајот на октомври, минатата година, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Од Центарот се надеваат и дека проблемот со греење наскоро ќе се надмине. Установата функционираше само во летниот период, кога се одржуваа настани, а сега по надминување на овој проблем се очекува да се обезбедат соодветни услови во текот на целата година.

– Изготвен е проект, одобрени се скоро сите потребни одобренија за градба и дозволи. Процесот беше долготраен и тежок на моменти бидејќи објектот е од А категорија и се наоѓа во централното градско подрачје, на градскиот плоштад во Куманово. Но, со заеднички сили и помош од Владата на Република Северна Македонија, успеавме да го изготвиме проектот. По завршувањето на изборите очекуваме од ресорните министерства да дадат зелено светло, за да се обезбедат потребните финансии за да започне реализација на истиот, се со цел да се оствари она кое долги години го очекуваат сите, рече Тодоровски.

Културни манифестации не се одржуваа во Центарот за култура по завршување на фестивалот „Денови на комедија“, (октовмри-ноември), бидејќи нема затоплување, со што, Центарот со децении губеше продуктивен период за реализација на програмата која опфаќа преку двесте содржини. Матичните форми кои опстојуваат во Центарот мораа да се снаоѓаат со посебно затоплување на просториите за да одржуваат часови.

Центарот е граден 1981 година и зафаќа површина од 4.500 метри квадратни. ам/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор