Утрински Весник
Македонија

Заврши државниот карантин за 99 лица во хотел Молика, примени нови 94

АД ЕСМ: Државата се снабдува од домашно производство, нема увоз на струја

Скопје, 18 април 2020 (МИА) – Заврши 14 дневниот државен карантин за 99 лица кои беа сместени во хотелот Молика на Пелистер. Лицата го напуштија хотелот на 15 април годинава.

Во текот на вчерашниот ден, по извршена дезинфекција и потребни подготовки, соопштија денеска од АД Електрани на Северна Македонија, во објектот се примени нови 94 лица кои, согласно новите одредби, ќе бидат во продолжен државен карантин од три недели.

Новата група ја сочинуваат граѓани кои се вратени од Турција, Словенија, Швајцарија и Австрија.

За потребите на државните институции на располагање се ставени и хотелите на АД ЕСМ на Попова Шапка, ,,Славија’’ и ,,Попова Шапка’’, каде во следните денови се очекува исто така да истече карантинскиот период на 154 лица кои во моментот се сместени таму. цр/аа/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

КОД открива: Фарма во Трубарево добила лиценца за отпад – зад неа стоеле „Нула отпад“ и „Ф-Групација“

Расипан клучниот радар во МНАВ, контролорите не ги гледаат авионите при слетување

Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце