Утрински Весник
Македонија

Забрчанец позитивен на коронавирус

Забрчанец позитивен на коронавирус

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, Марјан Забрчанец, вечерва објави дека е позитивен на коронавирус.

„Денес добив лесни симптоми на настинка, се тестирав и вечерва добив позитивен КОВИД-19 резултат. Добро се чувствувам, ги следам целосно советите на лекарите и од овој момент одам во домашна изолација. Водете максимална грижа, вирусот наоѓа најразлични начини да продре до човечкиот организам. Носете маска секогаш, секаде, одбивајте физички контакти, преместете ги сите состаноци онлајн, одбивајте групирање, дезинфицирајте. Чувајте се, преку дисциплина и упорност ќе успееме. Стоп Ковид-19!“, напиша Забрчанец.

?↔️? ? ?
Денес добив лесни симптоми на настинка, се тестирав и вечерва добив позитивен КОВИД-19 резултат.
Добро се…

Posted by Marjan Zabrcanec on Wednesday, October 28, 2020



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Д-р Даниловски за Западнонилската треска: Осум тешки случаи се откриени, но не знаеме колку луѓе се заразиле 

Пациент со западно-нилска треска во критична состојба – заразен од комарец во Скопје

Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, МВР го регулира сообраќајот