Утрински Весник
Македонија

Забрани за движење на камиони на планинските премини Пресека, Ѓавато, Плетвар, Буково и на патниот правец Маврово – Дебар

Поради снег забрана за камиони на патот од Маврово кон Дебар

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. На повисоките места и низ клисурите има остатоци од кашест снег на коловозите. Забрани за тешки товарни возила има на планинските премини Пресека, Ѓавато, Плетвар, Буково и на патниот правец крак Маврово – Дебар, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ев/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Завршни зборови за убиствата на Вања и Панче: Нема никакво оправдување за убиство на невино дете, кое ни на сон не им сторило ништо на четворицата обвинети

Обвинителството тврди дека Палчо од таткото Александар разбрал кое време Вања ќе оди на училиште и дека ќе оди сама

Одбраната на Боре Видевски не ја донесе снимката од бензиската „Макпетрол“ во Велес, на која наводно се гледа Жежовски како полни бензин