Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Забрана за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар, врнежи од снег во Маврово, Попова Шапка и на превојот Стража

Слаб снег на неколку планински превои
Img 7972

Скопје, 7 март 2020 (МИА) – Од 17:00 часот е воведена забрана за движење за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. Врнежи од снег се бележат во Маврово, Попова Шапка и на планинскиот превој Стража. Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места