Утрински Весник
Македонија

Забраната за движење не ја почитувале 28 лица

Забраната за движење не ја почитувале 28 лица

Скопје, 29 април 2020 (МИА) – Забраната за движење во текот на изминатото деноноќие во целата држава не ја почитувале 28 лица, а приведено е 21 лице. За останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.

Во изминатото деноноќие на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.

Полицијата при контроли на лица во изолација и самоизолација не евидентирала лица кои не ги почитувале овие мерки. хс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Коста Костадинов стапна на „лудиот камен“

Отворен конкурсот за стипендија по моден дизајн „Фросина Кулакова“ за 2026 година

Приведени две лица барани со потерници за издржување затворски казни