Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Забраната за движење на ја почитувале 52 лица, од нив 28 се приведени

Владата утре ќе решава за скратување на полицискиот час
Img 7972

Скопје, 23 мај 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 48 лица им се издадени решенија за изолација, а 17 лица потпишале изјави за самоизолација, соопшти МВР.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Во однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 52 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 28 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 205 прекршоци.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник