Утрински Весник
Економија

Забраната за влез и излез од Куманово за редовниот комерцијален превоз, економските оператори можат да обезбедуваат сопствен контролиран превоз

Забраната за влез и излез од Куманово за редовниот комерцијален превоз, економските оператори можат да обезбедуваат сопствен контролиран превоз

Скопје, 26 март 2020 (МИА) – Одлуката со која се забранува влез и излез од и во подрачјето на територијата на Општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз, се однесува исклучиво на редовниот комерцијален превоз на патници со градски, меѓуградски патнички и железнички јавен превоз, е заклучок донесен од Владата на Република Северна Македонија на денешната 29-та седница.

-Владата им препорачува на економските оператори што имаат големи производствени и продажни капацитети на подрачјето на Општина Куманово, доколку за тоа имаат потреба, да продолжат да го обезбедуваат пристапот до нивните објекти доколку имаат организиран и контролиран посебен превоз и да го приспособат своето работење со редуциран број на вработени, се наведува во соопштението од владината прес-служба. дма/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија