Утрински Весник
Спорт

Жолт картон за обид за дриблање? Пакуета казнет, крај за „жога бонито“

Жолт картон за обид за дриблање? Пакуета казнет, крај за „жога бонито“
Dik 300x250 mk

Дали модерниот фудбал се сведе на ова – казнување обид на атрактивно дриблање на противникот? Фудбалските фанови останаа зачудени кога Лукас Пакуета од Лион во средата доби жолт картон во обид да го излаже својот противник со атрактивен потег при 3:1 победата на Лион над Троа.

Откако поранешиот фудбалер на Милан, Пакуета, постигна гол во 87. минута, тој се обиде да го помине противникот со таканаречен виножито-потег, но топката го удри фудбалерот на Троа. Зачудувачки, судијката Стефани Фрапар реши да му даде жолт картон.

Бразилските фудбалски фанови на социјалните мрежи се јавија со илјадици пораки со коментар дека европскиот фудбал ја уништува убавината на фудбалот, иако официјалното објаснување е дека тој добил жолт картон поради игнорирањето на судијката.

Неговиот сонародник Нејмар исто така реши да реагира.

„Навистина тажна епизода, да добиеш жолт картон поради дриблање. ‘Количката’ (како што е познат потегот во Бразил) е фудбалски потег кога било на теренот. Лани ми се случи мене, оваа година на Лукас Пакуета. Не сфаќам. Славната ‘жога бонита’ (прекрасната игра) доаѓа до крајот. Уживајте додека трае или борете се да се врати“, напиша Нејмар.

> Жолт картон за обид за дриблање? Пакуета казнет, крај за „жога бонито“ <

Можете да прочитате

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации

Кошаркарите на Пелистер ја извојуваа својата прва европска победа