Утрински Весник
Економија

„Жито лукс“ донира 750 килограми брашно и новогодишни пакетчиња во СОС Детско село

„Жито лукс“ донира 750 килограми брашно и новогодишни пакетчиња во СОС Детско село

„Жито лукс“ донираше 750 килограми брашно во СОС Детско село и даруваше новогодишни пакетчиња за децата.

Донацијата е според потребите на СОС Детско село и ќе биде распределена во сите семејства од организацијата каде што се згрижени децата.

На овој начин компанијата одбележа 75 години од своето постоење.

Најголемиот производител на леб и брашно во земјава, со оваа донација продолжува со имплементирање на својата општествено одговорна стратегија која е насочена пред сè кон социјалните категории и децата.

„Горди сме што цели 75 години сме дел од секојдневието на граѓаните. Создаваме висококвалитетни и разновидни производи, но исто градиме и вредности кои ги пренесуваме со нашата улога во општеството и преку нашата општествена одговорност. Дел од тој ангажиран однос е и донацијата во СОС Детско село, со која веруваме дека ќе помогнеме за подобра снабденост на семејствата, но и за поттикнување на поголема свесност за потребите на социјалните и згрижувачки организации“, истакнуваат од „Жито лукс“ по повод донацијата.

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Дијалогот за минималната плата треба да го водат работниците и работодавачите

Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности

Петрова: Нема ретроактивно оданочување – 24info.mk