Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Жител на Сингелиќ осомничен за недозволено поседување дрога и оружје

Жител на Сингелиќ осомничен за недозволено поседување дрога и оружје
Img 7972

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги како и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје.

На 15 јануари, во куќа во сопственост на таткото на 48-годишниот осомничен во Сингелиќ, биле пронајдени речиси 13 килограми марихуана во 39 пакувања, како и околу 4 литри хашиш масло, информираат од полицијата.

Покрај тоа, полициските службеници при претресот пронашле и еден пиштол марка „Црвена застава“ 9мм Para, две рамки со по 9 куршуми за овој пиштол и уште 39 куршуми од неутврден калибар.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и сокривање на трагите, како и можност да го повтори делото.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче пред една година славеше со Заев за францускиот предлог сега предлага „црвени линии“ за власт и спас на фотелјата во СДС 

Претрес во Кичево, пронајдени оружје и муниција, уапсено едно лице

Филипче: Слоганот на ВМРО-ДПМНЕ е ветување за уништување на државата преку партизација