Утрински Весник
Македонија

Жител на Дебреште го украл накитот на својата снаа

Жител на Дебреште го украл накитот на својата снаа

Полицијата во текот на вчерашниот ден, лишила од слобода 34-годишник со иницијали В.А. од селото Дебреште, општина Долнени и против него е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело разбојништво.

Како што информираат од МВР, пријавениот во раните утрински часови на 16 август во куќата на С.Р.(55) во Дебреште, од неговата снаа со закана одзел златен накит и пари.

Од судија на претходна постапка на разбојникот му е одреден притвор.

Можете да прочитате

Слаб снег на Шапка – 24info.mk

Зголемен број бездомни кучиња во Куманово

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, а четворица под дејство на алкохол