Утрински Весник
Македонија

Жители на штипска Ласкавица не ја почитувале забраната за движење

Жители на штипска Ласкавица не ја почитувале забраната за движење

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Штипското обвинителство поведе постапка за три лица кои не ги почитувале здравствените прописи за време на прогласена пандемија, информираат од ОЈО Штип.

– Овие обвините се членови на едно семејство од с. Лакавица, штипско, односно тие со возило се  движеле низ Штип во временски период кога во сила била забраната за движење на населението на територијата на државата, велат од обвинителство.

Со овие дејствија сите обвинети го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, за што обвинителството побара на секој од нив да им биде изречена парична казна во висина од 50 дневни глоби секоја од нив во висина од по 10 евра во денарска противвредност. оџ/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото+Видео) Ноќ на труење, голем пожар на Дрисла го прекри градот во чад

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви