Утрински Весник
Македонија

Жители на „Треска“: Со години се случуваат пожари, ова е небезбедно место за живеење

Жители на „Треска“: Со години се случуваат пожари, ова е небезбедно место за живеење

Дел од жителите на работничките станови кај Треска реагираат дека никој не нашол решение за нивната безбедност, и дека денешниот пожар не бил прв, а тие стравуваат и од нови експлозии.

„Не е прв пат да апелираме дека Треска е небезбедно место за живеење, каде многу често доаѓа до пожари, а неодамна испративме и известување до јавноста дека старата фабрика за мебел е еколошка темпирана бомба.

Повеќепати сме биле сведоци на палење на електрични кабли поради крадење на бакарот, што доведувало до бројни пожари и интервенции на Противпожарната служба, меѓутоа поради непристапноста на теренот последиците биле огромни. Секојдневно гледаме разбојништва во напуштениот индустриски капацитет и „Треска“ веќе одамна е прибежиште на крадци, бездомници и наркомани.

Стравуваме за безбедноста на нашите животи и безбедноста на нашите деца, кои наместо да живеат во урбанизирана населба сред центарот на Скопје, во своите дворови гледаат наезди од инсекти, змии и стаорци.

Практично од самото затворање на фабриката, оваа локација е потенцијална опасност не само за нас жителите, туку и за сите граѓани на Скопје, и бараме итно решавање на проблемот и конечно урбанизирање на овој дел од градот. Од нашето уставно загарантирано право на достоен живот нема да се откажеме, а денешниот пожар е само уште една потврда дека овде до овие рушевини повеќе не е безбедно да се живее.

Ние жителите стравуваме дека може да има нови експлозии и нови поголеми пожари, а нашите повици за урбанизација на оваа локација не доаѓаат само порадиденешната катастрофа, туку поради сè понеподносливите услови за живот.

Како и сите граѓани, и ние сакаме отворени прозори со свеж воздух и зеленило, а не смрдеа, страв од разбојници и живот на депонија“, се наведува во нивната реакција.

Можете да прочитате

Велковски: Нема место за страв, пари за пензии има и ќе има и во иднина

Големиот пожар кај селото Октиси ставен под контрола

Регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен за секаков вид возила поради пожар во Јасен