Утрински Весник
Македонија

Жители на Велешта узурпирале државно земјиште и фрлале шут во Охридското Езеро

Жители на Велешта узурпирале државно земјиште и фрлале шут во Охридското Езеро

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело узурпација на недвижности и загадување на животната средина и природата, струшката полиција поднесе кривична пријава против Е.К. (42) и В.К. (40), двајцата од струшкото село Велешта.

Пријавените, како сопственици на парцела покрај брегот на Охридското езеро во Струга, на 3 март годинава ангажирале градежна механизација за насипување и тампонирање на нивното земјиште, но и на површина што е во државна сопственост.

Притоа, узурпирале 1.372 квадратни метри државно земјиште, а со насипување на земја и градежен шут во водите на Охридското Езеро извршиле загадување на водите, уништивање на трската и на езерскиот биодиверзитет.

Можете да прочитате

Вечерва бензинската пумпа на Макпетрол во Аеродром не точи никакво гориво

ВЛЕН на средба кај Курти во Косово

(Видео) Полициски специјалци спасија повредено лице од Шар Планина