Утрински Весник
Македонија

Жителите на Центар добија заштитни маски

Жителите на Центар добија заштитни маски

Скопје, 11 мај 2020 (МИА) – Општина Центар се вклучи во проектот „Да се заштитиме од КОВИД 19“, организиран од здружението „Добредојде Македонија – Велком Центар“, а поддржан од Амбасадата на Република Словачка во Република Северна Македонија.

Во текот на денешниот ден, волонтери од општината на три пункта поставени на локации низ територијата на општината, на жителите им делеа заштитни маски за повеќекратна употреба.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со Амбасадорот на Република Словачка, Н.Е. Хенрик Маркуш и претседателката на „Добредојде Македонија Велком Центар“, Емилија Миладинова Аврамчева се вклучија во акцијата и им поделија маски на граѓаните во реонот кај пазарчето Буњаковец.

Од прес-службата на Општина Центар информираат дека целта на проектот е да се подигне свеста на локалната заедница за почитување на владините мерки за социјална дистанца и здравствена заштита.

– Со проектот „Да се заштитиме од КОВИД 19“ се дава поддршка на локалните текстилни компании, да го усогласат своето производство со тековните побарувања на пазарот и да го премостат јазот на солвентност за време на економските рестриктивни мерки, посочуваат од општината..

Градоначалникот Богдановиќ и амбасадорот Маркуш апелираат до граѓаните да се придржуваат до мерките на Министерството за здравство и Владата, да водат сметка за личната хигиена и за своето здравје, затоа што, како што истакнаа, само со дисциплина и почитување на препораките ќе излеземе како победници од пандемијата на КОВИД 19. фф/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери исфрлија над 50 тони вода врз пожарите во Малино и Немањица

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње