Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Жителите на Кисела Вода ќе добијат реконструирана трим патека

Жителите на Кисела Вода ќе добијат реконструирана трим патека
300x250 opst2

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – На најдолгата трим патека во Кисела Вода, во должина од повеќе од два километри, овој месец ќе започнат градежни активности за целосна санација. За таа цел, денеска градоначалникот Филип Темелковски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ направија увид на патеката.

-Со оваа реконструкција ќе направиме соодветно место каде што граѓаните дополнително ќе ги мотивираме ќе ги потикнеме да спортуваат, да се рекреираат, да пешачат, а со тоа ќе дадеме уште една нова спортска вредност.  Верувам дека заеднички можеме да направиме дополнителна спортска инфраструктура која што дополнително ќе ги подигне спортските стандарди во нашата држава, изјави Каевски.

Најави дека во периодот што следува дополнително ќе се рекоструира и цела постоечка спортска инфраструктура. 

Градоначалникот Темелковски кажа дека санацијата ќе опфати проширување на трим патеката, а дополнително, според најавите од Град Скопје, ќе се реновираат и парковите во урбаните заедници „11 Октомври-бараки“ и „Цветан Димов“. 

Општина Кисела Вода ќе има обврска во парковите да постави нова урбана опрема, клупи за одмор, летниковци, и да направи фитнес зони.

Според предвиденото, целосната реконструкција на трим патеката треба да заврши напролет.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа

Филипче од Струмица: Даскаловски е човек од теренот, СДСМ се враќа и ќе победи

Акредитирани 591 странски и 658 домашни набљудувачи, пријавени околу 9.000 болни и изнемоштени лица