Утрински Весник
Спорт

Жиру ги казни тактичките решенија на Инзаги, Милан победи во „Дерби дела Мадонина“

Жиру ги казни тактичките решенија на Инзаги, Милан победи во „Дерби дела Мадонина“

Милан го победи Интер со 2:1, во „Дерби дела Мадонина“ и со натпревар повеќе има само бод помалку од лидерот на табелата.

Чудната и помалку кукавичка тактика на СИмоне Инзаги му овозможи на Милан да направи пресврт во второто полувреме и да ги освои бодовите.

Интер доминираа во првиот дел, пред голот за 1:0 на Иван Перишиќ во 38.минута, голманот Мењан со неколку одлични интервенции го спаси Милан.

Во вториот дел, Интер се реши да го намали интензитетот на играта, а со дефанзивните измени што ги направи Инзаги во 70.минута му овозможи на противникот да ги контролира случувањата на теренот.

Во само три минути Милан, преку Оливие Жиру, направи целосен пресврт. Францускиот репрезентативец погоди во 75. и 78.минута.



> Жиру ги казни тактичките решенија на Инзаги, Милан победи во „Дерби дела Мадонина“ <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен