Утрински Весник
Свет

Женева: Прифатено барањето на Украина за итна дебата

Женева: Прифатено барањето на Украина за итна дебата

Високиот комесаријат за човекови права на ОН го прифати денеска барањето на Украина да се одржи итна дебата оваа недела за руската воена интервенција, откако претставникот на Киев на форумот во Женева рече дека некои од воените дејствија на Москва „може да придонесат за воени злосторства“.

Советот од 47 членови го усвои предлогот со 29 гласа „за“ (вклучувајќи ги и САД) и пет „против“ (вклучувајќи ги Русија и Кина), додека 13 беа воздржани, откако рускиот амбасадор Генадиј Гатилов повика гласањето да биде јавно, објави Ројтерс.

Амбасадорката на Украина во ОН во Женева, Јевхенија Филипенко, во својот воведен говор рече дека „Русија, членка на овој комесаријат, посегна по неиспровоциран и неоправдан напад врз Украина“.

Можете да прочитате

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров 

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја