Утрински Весник
Македонија

Жена почина во болница по сообраќајна несреќа кај Суводол

Жена почина во болница по сообраќајна несреќа кај Суводол

Автомобил удри во жена на регионалниот пат Прилеп-Кичево, која почина по приемот во болница.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила синоќа на регионалниот пат Прилеп-Кичево, на место викано „Гранит“ кај селото Суводол-Македонски Брод.

„Патничко возило „фолксваген шаран“, со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од С.П.(64) од Македонски Брод, удрило во Е.З.(31) од с.Брест-Македонски Брод. Во незгодата Е.З. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Општата болница Прилеп, каде од страна на лекар била констатирана смрт“, соопшти МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата.

Можете да прочитате

Битиќи: Најавеното намалување на ДДВ на горивата на 10% е неадекватна и задоцнета мерка

Пронајдена дрога во Битола, приведени три лица

МВР со нови информации: Пронајденото тело во Зрновци во фаза на распаѓање