Утрински Весник
Македонија

Жена и дете повредени кога со автомобил излетале од патот

Жена и дете се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат с.Г.Седларце-с.Синичане.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, несреќата се случила кога автомобилот со хрватски национални ознаки, управувано од С.З.(26) од с.Камењане, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.З., а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Можете да прочитате

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законска основа

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Македонија е кредибилен сојузник во НАТО