Утрински Весник
Македонија

Жена загина во пожар во својот дом во Битола

82-годишна жена (П.Н.) почина во пожар во Битола.

Од МВР информираа дека пожарот се случил во нејзиниот дом на  улицата „Солунска“, при што била опожарена една соба.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат, а во собата била пронајдена почината П.Н..

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршиле екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено за погреб.

(Фото: илустрација)

Можете да прочитате

Камерите почнуваат да снимаат и возачи, а нови патролни возила ќе го детектираат хаосот од паркирање во Скопје

Средба на Сиљановска-Давкова со професори од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје 

Миноски: Инфлацијата не ја создаваат граѓаните, туку прекумерната државна потрошувачка