Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Жанг бара фудбалерите на Интер да се откажат од две месечни плати

Жанг бара фудбалерите на Интер да се откажат од две месечни плати
Img 7972

Свежи по освојувањето на првото скудето по 11 години, претседателот на Интер Стивен Жанг побарал од фудбалерите на „нераѕурите“ да помогнат финансиски на клубот со тоа што ќе се откажат од две месечни плати, тврди „Скај спорт Италија“.

Спортскиот директор на тимот, Бепе Марота во саботата призна дека финансиската состојба на клубот е „катастрофална“ поради пандемијата на КОВИД-19, како и кај другите големи европски клубови и потврди дека ќе се оди на „совеста“ на играчите, односно тие да ја проценат ситуацијата во која се наоѓаат.

Според „Скај спортс“, Жанг денеска наутро се сретнал со фудбалерите на клубот и побарал тие да се откажат од две месечни плати за следната сезона, откако претходно наводно тие се откажале од бонусите за титулата.

Сега, според италијанските медиуми, ќе се остави време секој фудбалер индивидуално да направи проценка и потоа да оди на личен состанок со Жанг.

Интер вчера ја славеа титулата, од понеделник ќе кратат плати

> Жанг бара фудбалерите на Интер да се откажат од две месечни плати <

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер