Утрински Весник
Македонија

Е-дискусија „Како пандемијата ќе влијае врз студирањето и пазарот на трудот?“

Е-дискусија „Како пандемијата ќе влијае врз студирањето и пазарот на трудот?“

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – УКЛО, Факултетот за безбедност-Скопје и Американскиот центар за образование денеска од 12.30 часот во рамки на онлајн  активности од областа на јавните политики ќе организираат е-дискусија на тема „Што велат студентите? Како пандемијата ќе влијае врз студирањето и пазарот на трудот? Дали има потреба од нови јавни политики?

Говорници во дискусијата ќе бидат проф. д-р Марјан Ѓуровски проректор на УКЛО и професор на Факултетот за безбендост-Скопје, проф. д-р Кирил Барбареев професор на Универзитетот „Гоце Делчев„, Алек Ицев менаџер за инженерство во Google, студентски лидери на УКИМ и УКЛО Борјан Ефтимов и Дона Петрова, Претставниците од Амбасадата на САД во земјава задолжени за образовна размена и алумни Газмент Илјази, за образование во САД Билјана Кузмановска Тасетовиќ и Никола Данев дипломиран на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Целта е поттикнување на активностите во високото образовните и во актуелните вонредни околности со цел мотивирање  на студентите преку електронска комуникација. Сесија  вклучува  дискуии  од професори од земјата и странствосподелување на практики за начинот на студирање денес и утре.  Потребен е сеопфатен и систематски пристап кон креирање јавни политики засновани врз принципите инклузивност и опфаќање на широк спектар на проблеми и сектори, воедно да одговори на глобалните ризици и закани

За своите активности и следења на предавањата и понатамошна практична работа студентите ќе добијат Сертификат од Факултетот за безбедност и Американскиот центар за образование.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија