Утрински Весник
Економија

ЕУ целосно го прекинува увозот на руски јаглен од средината на август

ЕУ целосно го прекинува увозот на руски јаглен од средината на август
Dik 300x250 mk

Се очекува денеска претставниците на ЕУ да ја одобрат забраната за увоз на руски јаглен, која целосно ќе стапи на сила од средината на август, еден месец подоцна од првично предложеното, по притисокот од Германија да се одложи мерката, објави „Ројтерс“, цитирајќи извор од ЕУ.

Постепеното укинување на рускиот увоз на јаглен е столбот на петтиот пакет санкции на ЕУ против Русија, предложен од Европската комисија оваа недела, како одговор на злосторствата во украинскиот град Буча.

Ова, кога ќе биде одобрено, ќе биде прва забрана на ЕУ за каков било увоз на енергенс од Русија од почетокот на руската инвазија во Украина на 24 февруари.

Можете да прочитате

Од полноќ нови цени на горивата

СДСМ: Предлог-буџетот за 2026 година е признание за економската неспособност на Владата

Лукоил ја прифати понудата – eве кој го купува рускиот гигант