Утрински Весник
Свет

ЕУ: Унгарија ги крши правата на ЛГБТ заедницата

Извршната власт на Европската Унија го интензивираше својот правен конфликт со Унгарија со тоа што ја изведе земјата пред највисокиот суд на ЕУ поради рестриктивниот закон за ЛГБТ прашања и слободата на медиумите, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Истите анализираат дека една година ЕУ се обидува да ја принуди Унгарија да го промени законот со кој се забрануваат содржини кои прикажуваат или промовираат хомосексуалност. Европската комисија објави дека ги дискриминира луѓето врз основа на нивната сексуална ориентација и родов идентитет.

„Комисијата смета дека законот ги нарушува правилата на внатрешниот пазар, основните права на поединците (особено ЛГБТ) како и во однос на основните права, вредностите на ЕУ“, се наведува во соопштението, пренесува АП.

Тоа беше последната епизода од долгата политичка битка во која Брисел смета дека премиерот Виктор Орбан „намерно отстапува од темелите на западната демократија“, додека Унгарија ја обвинува Европската комисија за прекумерно мешање во домашната политика и за наметнување морални стандарди кои ги смета за премногу либерални, пишуваат агенциите.

Можете да прочитате

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп