Утрински Весник
Свет

ЕУ со нови ознаки на производите ќе се бори против нездравата исхрана

ЕУ со нови ознаки на производите ќе се бори против нездравата исхрана

Европската комисија во 2022 ќе предложи единствен систем за обележување за целиот европски пазар, со цел подобро информирање на граѓаните и борба против прекумерната тежнина и болестите кои произлегуваат од неа, соопшти денеска хрватската европратеничка Билјана Борзан.

Борзан на конференцијата за задолжителни етикети за хранливоста на предната страна на пакувањата за храна и пијалоци, кои ЕУ планира да ги воведе, изјави дека поради нездрава исхрана, главно од срцеви заболувања и рак, во ЕУ во 2017 година умреле повеќе од 950.000 луѓе.

„Новите етикети ќе им помогнат на клиентите полесно да најдат здрави производи на полиците, на пример да ги изберат оние најхранливите меѓу 10 пакувања со пченкарни снегулки“, рече таа, додавајќи дека етикетите ќе мора да бидат забележливи, лесни за разбирање и засновани на научни сознанија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk