Утрински Весник
Свет

ЕУ: Ситуацијата на Западен Балкан бара отворена дебата

ЕУ: Ситуацијата на Западен Балкан бара отворена дебата
Ss2

Министрите за надворешни работи на ЕУ на следниот состанок закажан за 10 мај со физичко присуство како тема ќе го имаат Западен Балкан, а Советот на ЕУ нагласува дека ситуацијата во регионот бара физичко присуство и искрена и отворена дебата на министрите на ЕУ, пренесуваат медиумите во регионот.

„Ситуацијата на Западен Балкан се менува во различни насоки, не сите се позитивни и затоа мора да имаме добра дебата во живо“, рече официјалниот претставник на ЕУ.

300x250 (7)

Во пресрет на видео конференцијата на Советот на ЕУ, што ќе се одржи на 19 април, во Брисел, тие потенцираат дека дебатата за Западен Балкан е избришана од агендата на состанокот исклучително поради техничките промени за одржување на самиот состанок кој првично бил планиран да се одржи со физичко присуство на сите министри во Луксембург.

„Западен Балкан бара искрен и отворен разговор меѓу министрите, во консултација со Мирослав Лајчак. „Од Косово, преку БиХ до проширувањето, имаме голем број важни прашања и затоа има потреба оваа дебата да се одржи во живо“, констатирале во Брисел.

Се додава дека Западен Балкан е веројатно „првата точка на агендата на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел“.

„Тој го потенцираше тоа на почетокот на неговиот мандат, и тоа сè уште е случај“, заклучи официјалниот претставник на ЕУ.

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во Украина, Грузија, Етиопија, Индија и Мјанмар на видео конференција на 19 април, пишуваат медиумите.

Ss1

Можете да прочитате

Илјадници луѓе протестираа во Тел Авив за ослободување на заложниците и против премиерот

И Порошенко се најде на руска потерница

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски