Утрински Весник
Свет

ЕУ нема да дозволи Русија и Кина да ја контролираат ситуацијата во Авганистан, порачa Борел

ЕУ нема да дозволи Русија и Кина да ја контролираат ситуацијата во Авганистан, порачa Борел

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави дека Брисел нема да дозволи Москва и Пекинг да ја контролираат ситуацијата во Авганистан.

Тоа го изјави на вонредната седница на Комитетот за меѓународни односи на Европскиот парламент.

„Имавме состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ околу Авганистан и разменивме мислења за тоа како треба да се поставиме за прашањето за новата политичка реалност во Кабул. ЕУ не смее да дозволи Русија и Кина да ја преземат контролата врз ситуацијата во Авганистан и да станат спонзори на Кабул. Мораме да реагираме“, рече Борел.

Претходно, тој изјави дека ЕУ ќе мора да соработува со Талибанците за да обезбеди поддршка на авганистанскиот народ, дури и ако ЕУ не ги признае како легитимни власти на Авганистан.

Тој исто така рече дека ЕУ ги суспендира исплатите за развојна помош за Авганистан сега кога земјата е под контрола на Талибанците.

Можете да прочитате

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран

Преживеани жртви на Епстин ги тужат Министерството за правда на САД и Гугл

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа