Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

ЕУ најави санкции против Белорусија – не ги признава изборните резултати

ЕУ подготвена да ги заостри санкциите кон Белорусија
300x250 opst2

Европската Унија соопшшти денеска дека не ги признава резултатите од претседателските избори одржани во Белоруисја на 9 август.

ЕУ наведува дека набрзо ќе воведе санкции на оние кои се вмешани во изборните измами и сузбивање на протестите, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Тој на крајот на вонредниот состанок на лидерите на ЕУ изјави дека санкциите ќе бидат воведени кон одреден број на поединци одговорни за насилство, репресија и изборни измами, пренесе Ројтерс.

На изборите одржани на 9 август претседателот Александар Лукашенко прогласи победа со околу 80 проценти освоени гласови, додека неговиот главен противкандидат, Светлана Тихановскаја освои околу 10 проценти од гласовите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп ја овластил ЦИА за тајни операции во Венецуела

Уругвај стана првата латиноамериканска земја што усвои закон за евтаназија

Лекорну го преживеа и второто гласање за недоверба