Утрински Весник
Свет

ЕУ и Обединетото Кралство постигнаа договор за трговска соработка по Брекситот

ЕУ и Обединетото Кралство постигнаа договор за трговска соработка по Брекситот

По интензивни преговори, Обединетото кралство и Европската Комисија (ЕК) денеска, ден пред католички Божик, постигнаа договор однесува на идната трговска соработка со Европската Унија пред крајот на транзицискиот период и официјалниот излез на Британија од ЕУ на крајот на декември.

Веста на прес-конференција во Брисел ја објавија Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен и Главниот преговарач на ЕК, Мишел Барние, а потоа беше потврдена и од Владата во Лондон. На прес-конференција во Даунинг Стрит, премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон рече дека „британскиот народ знаел дека е остварливо, но му велеле дека е невозможно“.

„Си ја вративме контролата на секоја јота и секоја цртка на нашата регулатива на комплетен и беспрекорен начин“, рече тој.

Договорот сега треба да биде одобрен од сите 27 членки на ЕУ, како и од Обединетото Кралство и Европскиот Парламент, иако времето е многу кусо за ЕП, па тој ќе одлучува ретроактивно на 1 јануари следната година, пишува „Политико“.

Договорот за идната трговска размена меѓу ЕУ и Обединетото Кралство е постигнат четири и пол години по референдумот за излегување на земјата од ЕУ, популарно познат како Брексит.

Според анонимни извори на кои се повикуваат светските новински агенции, постигнатиот Договор за трговија и соработка има околу 2.000 страници, а овозможува бесцаринска трговија без квоти и ограничувања меѓу двете страни, како и механизми за идно решавање на различни прашања при соработката во иднина.

„Вредеше да се бориме за спогодување, бидејќи сега имаме фер и избалансиран договор со Обединетотот Кралство, којшто ќе ги заштитува европските интереси, ќе овозможи фер конкуренција и ќе овозможи предвидливост на приликите за нашите рибарски заедници. Конечно може да го оставиме Брекситот зад себе и да погледнеме кон иднината кон која што Европа сега чекори“, порача претседателката на Европската Комисија.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата