Утрински Весник
Свет

ЕУ започна истрага за увозoт на делови за ветерници од Кина

ЕУ започна истрага за увозoт на делови за ветерници од Кина

Европската Унија започна антидампиншка истрага за увозот на челични столбови од Кина што се користат во ветерници, објави службениот билтен на ЕУ.

Истрагата започна по жалбата на Европската асоцијација на производители дека големиот број и ниските цени на увезените столбови им штетат.

Европската комисија, координатор на трговската политика на Европската Унија, заклучи дека има доволно докази за дампинг за да се започне истрага.

Антидампиншките истраги траат до 14 месеци, по што ЕУ може да воведе царини, обично за пет години. Може исто така да воведе привремени царински давачки седум до осум месеци по започнувањето на истрагата, пренесува „Себиз“.

ЕУ досега започна 48 истраги за увоз на производи од челик, од кои 28 се однесуваат на производи од Кина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија: Сериозно сме загрижени по испраќањето војници на Гренланд

Кина претстави „супер војник“ – 24info.mk

САД го преместуваат носачот на авиони на Блискиот Исток