Утрински Весник
Економија

ЕУ во вториот квартал бележи рекорден пад на БДП, најголем во последните 25 години

ЕУ во вториот квартал бележи рекорден пад на БДП, најголем во последните 25 години

Во Европската унија и еврозоната, во второто тримесечје на 2020 година економските активности доживеале најголем пад на квартално и годишно ниво уште од 1995 година, односно од почетокот на објавувањето на податоците за БДП, покажуваат првите проценки на „Евростат“.

Сезонски прилагодениот бруто-домашен производ (БДП) во ЕУ во вториот квартал, кој сè уште е обележан со мерки за борба против пандемијата на Ковид-19 во повеќето земји-членки, паднал за 11,9 проценти во однос на претходното тримесечје, што претставува најголем пад од почетокот на објавувањето на овие податоци во 1995 година, покажаа првичните проценки од страна на Европскиот завод за статистика.

Во еврозоната, сезонскиот прилагоден БДП во истиот период паднал за 12,1 процент.

За споредба, во првиот квартал годинава, кварталниот пад беше 3,2 проценти на ниво на ЕУ и 3,6 проценти во еврозоната.

Меѓу државите членки за кои се достапни податоците за вториот квартал на 2020 година, Шпанија има најголем пад на квартално ниво, 18,5 проценти. По неа следи Португалија, со пад на БДП од 14,1 процент и Франција, со пад од 13,8 проценти.

Германската економија, најголема во еврозоната, паднала за 10,1 процент во вториот квартал во споредба со претходниот.

Италија, пак забележала пад на нејзиниот БДП за 12,4 проценти во однос на првите три месеци.

Најмал пад кај земјите чиишто податоци се на располагање има во Литванија, од 5,1 процент.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија