Утрински Весник
Македонија

Еуфорија пред последниот меч на Пандев: Во Ново Лисиче натпреварот ќе се следи на видео-бим

Еуфорија пред последниот меч на Пандев: Во Ново Лисиче натпреварот ќе се следи на видео-бим

Во скопската општина Аеродром и денеска ќе се навива за македонските фудбалски херои кои од 18 часот ќе настапат против тимот на Холандија во рамките на Европското првенство, што воедно е и последниот натпревар во репрезентацијата на капитенот, Горан Пандев.

Натпреварот, како и претходните два, ќе биде пренесуван на голем екран поставен во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче, а еден час пред почетокот ќе има едночасовна програма за забава и дружење на љубителите на спортот.

Општина Аеродром, како и претходните натпревари, така и денеска, очекува голем број посетители, кои заеднички и еуфорично ќе го проследат последниот натпревар на нашите фудбалери на годинешното Европско првенство.

Причина плус за следење на овој фудбалски натпревар со Холандија е тоа што капитенот Горан Пандев, кој остави огромна трага во македонската фудбалска историја, најави дека тоа ќе биде и негов последен настап во дресот на македонската репрезентација

Настанот ќе се одржи според сите протоколи на отворено, а присутните се замолуваат да ги почитуваат сите пропишани мерки.

Можете да прочитате

Дали поради Христовски ќе се скараат Апасиев и носителот на Левица во ИЕ6?

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на нејзиниот Конзулат во Куманово

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме