Утрински Весник
Свет

Естонија го укинува карантинот за вакцинираните патници

Естонија го укинува карантинот за вакцинираните патници

Естонија ќе го укине карантинот за сите патници кои имаат потврда за примена вакцина против коронавирус.

Официјални лица велат дека овој потег нема да биде ограничен на вакцини од одредени добавувачи одобрени од ЕУ, туку ќе ги опфати вакцините од сите компании ширум светот.

Сепак, тие наведуваат дека сертификатот за вакцинација на странски државјани ќе мора да исполнува одредени критериуми.

Сертификатите ќе треба да се издаваат на естонски, руски или англиски јазик.

Во сертификатот ќе треба да се наведе болеста против која е вакцинирано лицето, датумот кога е примена вакцината, нејзиниот сериски број, името на производителот и името на телото што ја издало дозволата за нејзина употреба.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: 2.000 украински деца се вратени од руско заробеништво

Петмина млади загинаа во пожар во магацински простор на станбена зграда во Шпанија

Во Женева заврши првиот ден од трилатералните преговори за Украина