Утрински Весник
Економија

ЕСМ понуди 48 евра за мегават час на ЕВН Хоум – 17 отсто повисока цена од актуелната

ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот Јули-Декември 2022, добил само една понуда, од АД ЕСМ.

Оттаму информираат дека АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот преку електронскa аукциja, му понудил на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини.

„Добиената купопродажна цена 48 еврa за мегаватчас за периодот Јули-Декември 2022 e за 17% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (Јануари-Јуни 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоме како Универзален снабдувач“ се вели меѓудругото во соопштението од ЕВН Хоме.

За цената на електричната енергија на ЕВН Хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика.

Цената ќе зависи од повеќе влезни параметри: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.

Можете да прочитате

Азески: Новите правила за влез во шенген зоната ни создаваат сериозни проблеми, од понеделник реакции во сите погодени земји

Муратовска: Ако Брисел ги исполни барањата на превозниците, ќе има огромни придобивки за развој на економијата и во државата и во Западен Балкан

„Оне Македонија“ и официјално трет мобилен оператор, најавува новини и сериозен удел на пазарот