Утрински Весник
Спорт

Ериксен го одби Баерн во зима по повикот на Конте

Ериксен останува во Тотенхем

Милано, 14 мај 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред Кристијан Ериксен повеќе го претпочита Интер од Баерн. Тој кога го напушти Тотенхем во зимскиот преоден рок имаше шанса да се пресели во Минхен, но избра Милано.

Според „Газета дело спорт“, тренерот на Интер, Антонио Конте го повикал Ериксен во  разговарал за неговите тактички идеи. Затоа Данецот реши да замине во Интер, а не во Баерн.

Сега Ериксен сака постојано да биде во почетниот состав, а Конте го гледа како играч кој ќе ја направи разликата.

По преселбата од Тотенхем, Ериксен играше за Интер четири натпревари во Серија А. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи