Утрински Весник
Свет

Ердоган: Светот требаше да зборува во 2014-та година

Ердоган: Светот требаше да зборува во 2014-та година
Dik 300x250 mk

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска сугерираше дека војната во Украина можела да се избегне доколку светот отворено се изјаснил против, како што вели, руската анексија на Крим во 2014 година.

„ Дали би се соочиле со оваа слика доколку Западот и целиот свет го кренат гласот? Оние кои молчеа по инвазијата на Крим, сега кажуваат некои работи“, рече Ердоган, цитиран од АП.

Тој денеска зборуваше на дипломатски форум во близина на турскиот град Анталија, каде што рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба се сретнаа еден ден претходно, на разговори предводени од турскиот министер за надворешни работи.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп